Строл откри дека Астон Мартин ќе бидат темно зелени

Розовиот Рејсинг Поинт наредната година се очекува да биде темно зелен откако тимот ќе се ребрендира во фабричка Астон Мартин екипа. 

Се чини дека новите бои се веќе потврдени од синот на сопственикот на тимот Ленс Строл на прес конференцијата во Русија.  Британската тркачка темно зелена боја е карактеристична и поврзана со Астон Мартин од 1959 и 1960 година, кога тие возеа на пет трки со ДБР4 и ДБР5. 

Таткото на Ленс, Лоренс Строл е Претседател на Астон Мартин откако инвестираше многу во компанијата. 

Мислам дека ќе биде британска тркачка зелена боја на болидот наредната година што е навистина добро – откри строл помладиот.

Во однос на тоа дали болидот на Рејсинг Поинт ќе биде конкурентен на Сочи, канаѓанецот потврди дека тој ќе добие нова шасија откако го уништи болидот на трката на Муџело. 

Да, ќе имам нова шасија бидејќи болидот е многу оштетен по сударот пред две недели во муџело. 

Сеуште е мистерија зошто се случи сударот. Мислам дека имав пукнатина бидејќи поминав врз остатоци од друг болид. Тоа е моменталниот заклучок, но не е целосно јасно. 

Во однос на некакви повреди од силниот судар, тој изјави дека не се чувствува многу удобно, но се е добро поради мерките кои се превземени. 

Ногата ме болеше следниот ден од големиот притисок врз педалот за кочење, Но тоа е се.

Овие болиди се многу безбедни благорадение на ФИА и Формула 1 кои константно работат на зголемување на безбедноста.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ