Строл потврди дека преговара со Ауди

Сопственикот на Астон Мартин, канадскиот милијардер Лоренс Строл, потврди дека преговара со германски Ауди пред нивниот најавен влез во Формула 1 од 2026 година.

Фолксваген Групацијата со своите два брендови, Ауди и Порше, најави влез во спортот како производители на мотори од 2026 година, но се почесто се споменува дека Ауди сака фабричка екипа, а за Порше се посочува дека ќе имаат соработка со Ред Бул.

Минатиот месец се пишуваше дека Ауди нуди огромни пари за да го купи Мекларен, иако двете страни го демантира тоа, така што од скоро се зборува дека цел на германците се Астон Мартин и Заубер.

Лоренс Строл не открива многу освен што потврди дека разговарал со Ауди.

дали не контактираа ауди? да, вистина е – откри строл.

Во пресред на минатата сезона, Рејсинг Поинт се ребрендираше во фабричка Астон Мартин екипа и користеше мотори и технологија од Мерцедес. Но, агрегатот повеќе не е репер за мотор како што беше изминатите 8 години, поради што проблемите на Астон Мартин и Вилијамс како корисници на тој агрегат се неубедливи од почетокот на сезоната.

И покрај тоа што децидно потврди дека преговара со Ауди, Лоренс е задоволен од договорот и соработката која ја имаат со Мерцедес.

дали сме задоволни од соработката со мерцедес? да.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ