Строл сеуште нема целосна верба во болидот

Ленс Строл откри дека сеуште цели да дојде во подобра позиција со АМР22 болидот и да стекне целосна верба во него.

Канаѓанецот нема добра сезона до сега и редовно е зад својот колега Себастијан Фетел во долниот дел од средината на поредокот. За време на домашната трка во Монтреал тој финишираше на 10то место и го повтори својот најдобар овогодишен пласман откако претходно заврши на исто место на Емилија Ромања и во Мајами. Со тие три поени, во моментов е на 18то место во поредокот, пред Мик Шумахер и пред Николас Латифи.

секогаш учиме, но јас сакам повеќе и подобро да го разберам полидот како и поудобно да се чувствувам во него. не сум целосно прилагоден наболидот, не го чувствувам многу прецизно и предвидливо.

сеуште треба да работам за да биде како што треба, да се чувствувам како лани и претходно кога болидот беше попредвидлив за мене. во моментов ми е тешко и треба само да продолжам да работам со инженерите за да средам се – посочи ленс.

Канаѓанецот возеше со алтернативна стратегија на домашното Грнанд При што му овозможи да го нападне Даниел Рикардо на свежи медиум, но сака повеќе брзина.

карактеристиките на болидот се многу тврди, можеби сетирањето е такво, но не сум возел ничиј болид за да споредам и работам да го разберам мојот. дефинитивно годинава предизвикот е поголем и треба да најдам ритам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ