Строл смета дека Леклер требало да биде казнет

Ленс Строл смета дека е смешно тоа што Шарл Леклер не добил казна откако имал контакт со него што значеше крај за трката на канаѓанецот.

Ленс беше во надворешниот дел на 4та кривина во првиот круг, а Леклер беше зад него, но во внатрешниот дел, дојде до контакт по што Рејсинг Поинт болидот заврши во оградата крај патеката на големо разочарување на Строл. Инцидентот беше испитуван од стјуардите, но казна не беше изречена за никого, а Леклер ја заврши трката на 6то место.

изненаден сум што леклер не беше казнет, му дадов доволно место, целата кривина ја минав од надворешниот дел, а тој ме допре по задниот десен дел. му дадов простор и немав среќа, но инцидентот можеше да се избегне ако тој не возеше толку блиску до мене. смешно е навистина е смешно што не доби казна – изјави строл.

Откако неговиот колега, Серхио Перез, имаше одлична трка и дојде до 4то место, Строл беше запрашан дали тој имал шанса за таков пласман.

мислам дека се беше можно, а за време на инцидентот мислам дека бев 7ми, имав одличен старт и бев на добри гуми така што штета е што не ја завршив трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ