Строл: Фетел има нешто да докаже со Астон Мартин

Сопственикот на Астон Мартин, Лоренс Строл, смета дека Себастијан Фетел има нешто да докаже со Астон Мартин и сигурен е дека германецот сеуште е на врвот. 

Формата на Фетел во последните сезони не беше на достојно ниво и Ферари не му го продолжија договорот за новата сезона. 

Строл не е задоволен од времето во кое беше донесена одлукатам но верува дека перформансите на Фетел не се намалени и сеуште знае да биде брз. Не треба да се заборави дека е четирикратен шампион и не може наеднаш да заборав да вози.

Да му се откаже договор на некој возач пред почетокот на сезоната е многу лошо за мотивацијата и работата што треба да се заврши. Тој има нешто да докаже и тој е еден од ретките што го прави тоа – смета тимскиот шеф на астон.

Тимот не смета само на брзината на Фетел туку и на искуството кое ќе го донесе во тимот. 

Себастијан е добар возач. Тој е четирикратен шампион, а моите момци до сега не биле на врвот, мислам дека со неговото искуство ќе го крене тимот на ново ниво. 

Ова е дел од плановите на Строл и Астон Мартин кој планираат да бидат на врвот на спортот и инвестираат многу во нивните фабрики. 

Наша цел е да бидеме светски шампиони. Најважно нешто е да ја изградиме фабриката. Се обврзавме да изградиме модерна фабрика. Имаме одлични инженери и можности за успех во Формула 1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ