Стјуардите го прифатија протестот на Рено, Рејсинг Поинт под истрага

Стјуардите на ФИА на Штаерското Гранд При го прифатија протестот од страна на Рено, а против двата болиди на Форс Индија возени од Серхио Перез и Ленс Строл и ќе решаваат по него по прибирање на сите потребни докази.

Протестот се однесува на Додаток 6 од Спортските правила на ФИА кој го регулира списокот на дозволени делови, односно она што може и што не смее да биде делено помеѓу екипите. Посебно “под лупа“ е предните и задните канали за ладење на сопирачките на РП20 кои Рено верува дека многу личат со оние на ланскиот В10 на Мерцедес.

Ред Бул протестираа на ДАС системот на Мерцедес на минатата трка во Петок, само по двете комплетирани сесии, но Рено се решија за ова по крајот на трката и објавувањето на официјалните резултати на кои Перез и Строл завршија на 6то и 7мо место, пред Даниел Рикардо.

Прва работа на стјуардите беше дали протестот “држи вода“, дали Рено има случај, а потоа се бара детална истрага на она што е сомничаво и се започна со прибирање на доказите.

во однос на предните и задните канали за ладење кои ги користат болидите 11 и 18, стјуардите добија пријава и ги сослушаа претставниците на екипите како и техничкиот оддел на федерацијата.

стјуардите решија дека протестот има се што се бара согласно член 13 од меѓународниот спортски код на фиа и поради тоа е прифатен.

претставник од техничкиот оддел на фиа доби насока да одеме и запечати тие делови од двата болиди и да спроведе детална анализа на истите.

претставникот треба да достави детален извештај до стјуардите со се што нашол како и да направи проценка во однос на добиените податоци, а во врска дали има прекршување на некое правило.

претставникот е овластен во име на стјуардите да користи и надворешна техничка помош како на пример претставници од рено, рејсинг поинт или мерцедес, за да го спроведе своето инстражување.

понатаму, стјуардите иманаредуваат на мерцедес да достават предни и задни канали за ладење на сопирачките од нивниот в10 модел од минатата сезона до техничкиот оддел на испитување – гласи соопштението од стјуардите на патеката.

Во врска со датум за сослушувањето, стјуардите го додадоа следново:

кога ќе ни се достави датум со завршена проценка и наод на членот на техничката комисија на фиа тогаш ќе контактираме со претседателот за закажување на следниот состанок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ