Стјуард: Хамилтон не е на ниво на Фанџо и Кларк

Сер Џеки Стјуард не смета дека победите и титулите сами по себе може да го сместат Луис Хамилтон на исто скалило со великаните на спортот, Јуан Мануел Фанџо или Џим Клак.

Црномурестиот британец е пред рушење на рекордот од 91 победа во Формула 1 кариерата на Михаел Шумахер, а во исто време е и пред изедначување на неговиот рекорд од 7 шампионски титули во кариерата. Но и покрај тоа, неговите резултати с благодарение на доминантниот болид во В6 турбо хибридната ера, по што Стјуард не смета дека Луис е еден од великаните.

Трикратниот првак смета дека Фанџо и Кларк сеуште се најдобрите возачи во историјата на Формула 1 додека бројките на Хамилтон се под влијание на долгата тркачка сезона и посветеноста на една серија.

не мислам дека нивоата на успех се споредливи затоа што денеска имаме 20-33 трки годишно. хуан мануел фанџо по мене е најдобар возач кој некогаш се тркал, а џими кларк е веднаш до него, дури и пред аиртон сена. но, тие луѓе се тркаа само 6-8 пати годишно во формула 1, возеа спортски автомобили, гт трки и што ли уште не.

денешното светско првенство со луис хамилтон или било кој друг негов конкурент, вози 22 трки само во формула 1 без никакви други автомобили, ништо друго, исклучиво формула 1. притисокот е многу помал, секако дека одат во фабриките и работат на симулаторот, но различен свет е и не е воопшто исто – смета стјуард.

Тој предноста на Мерцедес ја нарекув и “нефер“ и смета дека истата нема да оди во прилог на Луис при споредбните со другите легенди на спортот.

луис вози фантастично и не греши, а јас не се сомневам во неговите вештини, но едноставно не е исто. фанџо возеше на извонреден начин, тој ќе го одбереше ферари и потоа, по една година, ќе се пишманеше и ќе возеше масерати, така што немаше подолг договор од една година. возеше и за мерцедес и освои две титули со нив затоа што беа најдобри во светот во тоа време.

луис донесе одллична одлука кога замина од мекларен и потпиша за мерцедес, за тоа ми симнувам капа, но искрено болидот и моторот се длеку најдобри и речиси конкуренцијата е нефер. но, мора да им се оддаде признание на мерцедес о тото волф и ники лауда што склопија таква луда екипа, што ги донесоа најдобрите инженерите што може да се купат, освен оние кои не беа достапни и се во ред бул.

почитта нема да биде иста како кога иамте постигнувања, а немате најдобра опрема за себе. тоа прави разлика помеѓу добри и најдобри возачи, оние кои се најуспешни.

тешко е да се каже за луис колку е добар споредено со фанџо. многумина сметаат дека е најдобар, но јас гледам тркање од многу одамна, брат ми се тркаше, а јас одев со него и ги гледав аскари, нуволари и карачиола и сличните на нив, едни од најдобрите ги гледав во живо. тешко ми е да кажам дека луис е најдобар во однос на чистата моќ и талент која ја има.

Според Сер Џеки, врната Формула 1 технологија, особено во делот за мотори ја прави тешка одлуката во однос на тоа кој е најдобар на сите времиња.

јас иамв среќа што возев во мое време кога ги имавме џим кларк, грахам хил и јохен риндт, мојот колега франсоа чеверт и уште неколкумина навистина одлични возачи како крис амон и џек брабам. тоа го немаме денеска, немаме возачи, група на луѓе кои може да се наречат најдобри во тоа што го работат.

најдобро во мое време беше форд косворт, сите имаа форд косворт мотор освен ферари, гридот беш изедначен, тоа го нема денеска.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ