Сударот го чинеше Јуки нов менувач

Јуки Тсунода откри дека сударот кој го доживеа со својот АлфаТаури на петочната тренинг сесија и ја прекина истата, значи нов менувач во неговиот болид.

разочаран сум од денот, направив грешка на првата сесија и ја загубив без да возам многу. по две кривини загубив контрола при голема брзина, се обидов да се корирегирам, но завршив во ѕид. задниот дел од болидот беше многу нервозен, особено низ летечките кривини.

губев многу време споредено со пјер, се обидував да се подобрам онаму каде што заостанувам, но завршив во ограда. не смеам да го правам тоа затоа што загубив многу време и морам да научам од ваквите ситуации – смета јапонецот.

Сударот не изгледаше страшно во времето кога се случи, но поправката одзема многу време и го врати Тсунода на патеката на крајот од сесијата кога успеа да окмплетира само еден круг.

дефинитивно моја вина, а механичарите завршија одлична работа со поправката. за жал, менувачот беше уштетен и мораа да работат многу за да го оспособат болидот за следната сесија. успејаа да ми дадат шанса за само еден летечки круг следната сесија, тоа е тоа.

навистина ми помогнаа иженерите со поправките, а следува анализа на податоците. дури и со еден круг сум им многу благодарен што успејаа да го поправат болидот и навистиа многу ја ценам нивната работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ