Тамара Еклстон ограбена, одземен и е накит од 64 милиони долари

Домот во Лондон на Тамара Еклстон, ќерката на поранешниот Формула 1 супремо, Берни Еклстон, бил ограбен и од истиот бил одземен накит вреден околу 64 милиони американски долари. Нејзиниот портпарол откри дека таа била лута и потресена и покрај тоа што имала лично 24-часовно обезбедување на домот и константни патроли пред нејзината куќа.

Втората ќерка на Берни живее на Кенсингтон Палас Гарденс во Лондон помеѓу резиденциите на Фрацускиот и Рускиот амбасадор и многу блиску до Кенсингон Палас, домот на Принц Вилијамс и неговата сопруга Кејт Мидлтон. Просечната цена на имот во таа улица изнесува 36,5 милиони фунти според одредени интернет портали.

Британски The Sun пренесва дека Тамара самошто го напуштила својот дом упатувајќи се на локација каде требало да ги прослави Божиќните празници, пто го искористиле провалниците и влегле во домот преку градината ограбувајќи го нејзиниот сеф во спалната соба.

со тага можам да потврдам дека имало провалување во домот на еклстон и рутлант (сопругот на тамара). внатрешното обезбедување соработува со полизцијата, а тамара и нејзиното семејство се добро иако се лути и потресени од инцидентот.

пријавено е дека недостасува големо количество на скапоцен накит, за сега немаме никакви апсења, а истрагата продолжува – откри портпаролот на лонднската полиција.

За британски Mail Online своја изјава даде самиот Берни:

не ги имам сите факти, но според количеството на обезбедувањето во тој дом, претпоставуваме дека имале неакви врски внатре. тоа е ужасна работа што се случи токму откако го напуштиле домот и се упатиле кон Лапланд. можеби е подобро што таа не била дома. се обидова да и се јавам утрово да ја чујам, но не можев да ја добијам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ