Таткото на Латифи го зголеми спонзорството во Вилијамс

Софина Фудс, канадскиот производител на харана го зголеми спонзорството на Формула 1 тимот на Вилијамс за претсојната тркачка сезона. Ова не е никакво изненадување ако се земе во предвид фактот дека Софина Фудс е компанија на Мајкл Латифи, овогодинешниот возач на Вилијамс.

Мајкл Латифи поседува и 10% од Мекларен откако во 2018 година инвестираше 200 милиони фунти во групацијата, а е Претседател и Главен извршен директор на Софина Фудс, компанија со 5 илјади вработени и 20 фабрики низ Канада.

Производите на Софина ќе бидат видливи на задното крило на овогодинешниот ФВ43 болид, исто како и на тркачките одела на возачите и тимскиот персонал.

задоволни сме што можеме да објавиме дека софина го продолжи партнерството со тимот втора година по ред.

вклученоста на софина во спортот е многу ценето за нивната долгорочна визија, а ние сме тука да им помогнеме да ги остварат нивните цели. уживаме да работиме со нив и нетрпеливи сме за годината која следи – изјави клер вилијамс.

Бренд Квартермеин, Извршниот потпретседател на компанијата и одговорен за продажба дополни:

да се иам присуство во формула 1 носи голема вредност на нашата компанија и логичен чекор беше да ја засилиме успешната соработка со вилијамс и претсојната година.

Ова е одлична вест за екипата од Гроув ако се земе во предвид дека медиумите пренесоа оти Рексона ќе го прекине договорот со екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ