Тафин: Нашиот мотор е подобар од тој на Мерцедес

Одговорниот за мотори кај Рено во Вири, Реи Тафин, смета дека францускиот производител во моментов има подобар мотор од шампионскиот на Мерцедес. Французите се мачат “да фатат“ чекор со Мерцедес и Ферари во В6 турбо хибридната ера.

гледаме блиска битна помеѓу мерцедес и ферари во однос на перформанси од моторот. мерцедесе малку зад нас, ферари е малку пред нас, а хонда е чекор зад сите.

повеќе не зборуваме за разлики во силата од 50-тина киловати. помешу мерцедес и ферари се работи а 5-10 киловати, а хонда можеби заостанува 15-20 киловати – анализира тафин за германски Auto Motor und Sport.

Последната година Рено го загубија Ред Бул како свој муштерија, но од 2018 година почнаа соработка со Мекларен, кои пак од следната година преминуваат на Мерцедес. Тафин појасни дека предноста од имање на муштериски тим не е толку голема.

предноста со муштериски тим е секако искуството во врска со издржливоста на моторот. со четири болиди на патеката имате четири пати шанса да идентификувате проблем, тоа го правевме, но немавме никакви придобивки во врска со развојот.

развиваме мотор за нашиот болид и не е возможно да развиваме мотор кој совршено ќе се вклопи во два различни болиди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ