Тестирања

Спортска Регулатива

На тимовите им е дозволено да учествуваат на ограничен број на тестови со тековните болиди во една календарска година. Истото важи и за болидите од претходната сезона.

Промотивни настани (секоја екипа има право на 2 со максимална должина од 100 километри) и демонстрациски настани (секоја екипа има право на 2 во една сезона, дополнето со настани организирани од Ф1 со максимална должина од 15 километри) не се дел од тие тестови.

Тестовите може да се одржат само со еден болид од секоја екипа на патека одобрени од ФИА и не смее да се одржат надвор од Европа без договор од мнозинството на тимовите.

Пред една сесија, тимовите мора да го информираат владеечкото тело за нивниот распоред со цел да се назначи надзорен орган доколку е потребно.

Сите болиди мора да имаат стандардизирна единица за контрола на електрониката, одобрена од ФИА, како и да имаат поминато низ задолжителните краш тестови. Болидите исто така мора да бидат во склоп со правилата за кокпитот и безбедносните елементи во текот на тестовите, како и на трките, а кои се однесуваат на главата на возачот, подлогата за главата и слично.

Помеѓу 1 Февруари и 10 дена пред првата трка од сезоната, на тимовите им е дозволено да учествуваат во 2 предсезонски теста, од кои секој трае не повеќе од 4 дена. Еден ден од овие тестови мора да биде искористен за тестирање на пневматици за мокра подлога.

Откако ќе почне сезоната, на тимовите им е дозволено да учествуваат во уште 2 тест кои траат по 2 дена поединечно на патеки каде веќе се одржала трка во сезоната. Овие тестови мора да започнат не повеќе од 36 часа по крај на трката.

Два дена од секој тест во текот на сезоната мора да бидат искористени за развој на млади возачи. Како млад возач се смета секој возач кој возел на две или помалку Гранд При трки.

ФИА го задржува правото да организира тестови за снабдувачот на пневматици со учество до 25 болиди.

Сите тимови мора да имаат затворени фабрики во период од 14 последователни денови помеѓу Јули и Август, во којшто период објектите со воздушни тунели како и CFD симулација не смеат да се користат за Формула 1 активности.

Тестирањето во воздушни тунели е значително ограничено, во однос на каков вид на тестирање се врши и колку долго трае истото. Моделите кои се користат не смеат да бидат поголеми од 60 проценти од големината на болидот, а брзините во тунелот не смее да надминат 50 метри во секунда.

Слични огрничувања важат и за симулација со CFD софтвер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ