Тест за Пирели, ден 1: Ботас најбрз со овогодинешни гуми

Валтери Ботас со својот Мерцедес постави најбрзо време на денешниот тест кој тимовите го одработуваат за Пирели како последна проверка за гумите кои ќе се возат следната година. Времето на финецот беше поставено со овогодинешните Ц4 гуми.

Себастијан Фетел на Ферари заостана речиси 9 десетинки зад Валтери, но тој ја користеше најмеката Ц5 компонента за следната година. Дополнителни две десетинки зад германецот беше Даниил Квјат на Торо Росо со истата компонента како и возачот на Ферари.

Следните тројца по поставено време, Серхио Перез од Рејсинг Поинт, Роман Гросжан од Хаас и Ландо Норис од Мекларен сите поставија свое најбрзо време со Ц5 компонтната за 2020 година.

Седмопласираниот Верстапен своето најдобро постигнување, кое патем беше 2,8 секунди побавно од кругот на Ботас, го оствари со новата Ц3 компонента, а само помалку од три стотинки зад него беше Естебан Окон во својата премиера за Рено, но со помеката нова Ц4-ка.

Расел имаше 9то време, а Кими Раиконен беше единствен кој заедно со Валтери Ботас имаше најдобро постигнување со овогодинешните пневматици откако својот најдобар круг го изврте со Ц4 од годинава.

Шон Гелаел комбинираше во Торо Росо со Даниил Квјат, додека Рој Нисани се менуваше со Џорџ Расел и тие двајца беа најбавни, а израелецот заостана 7,5 секунди.

Валтери успеа да комплетира дури 138 кругови и само Макс Верстапен со 153 обиколкиу и Роман Гросжан со 146 беа поактивни од него.

Себастијан Фетел загуби цел час од сесијата поради проблеми со издувот утрото, а потоа имаше и контакт со Перез. Технички проблеми имаа и Алфа Ромео со Кими Раиконен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ