Тимовите едногласни: Спринт квалификации почнуваат годинава

Формула 1 потврди дека ќе дебитира форматот на спринт квалификации на три Гранд При трки во 2021 година, по постигнатиот договор помеѓу ФИА, Формула 1 и сите 10 тимови на гридот на две европски трки и една не-европска локација, а кои ќе бидат најавени наскоро.

Спринт квалификациите ќе овозможат возачите да се тркаат на 100 километри во Сабота попладне, а резултатот потоа ќе одлучи за стартниот грид на трката во Недела.

Согласно новиот формат, стартниот поредок за спринт трката ќе биде одлучен во Петок попладне, користејќи го тековниот формат за квалификации, а болидите ќе бидат во Парк Ферме од почетокот на квалификациите во Петок до Саботниот утрински тренинг од 60 минути.

Во меѓувреме, одлучено е тројцата најдобри во на спринт квалификациите да добијат поени, три поени за првото место, два поени за второто и еден поен за третото.

Возбудени сме од оваа нова можност што ќе им донесе на нашите навивачи уште попривлечен тркачки викенд во 2021 година – изјави претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Гледањето како возачите се борат во текот на три дена ќе биде неверојатно искуство и сигурен сум дека возачите ќе уживаат во борбата.

Воодушевен сум што сите тимови го поддржаа овој план и тоа е доказ за нашите обединети напори да продолжиме да ги ангажираме нашите навивачи на нови начини, осигурувајќи дека ќе останеме посветени на наследството на нашиот спорт.

Претседателот на ФИА, Жан Тод, во меѓувреме, коментираше:

Задоволен сум што видов дека Формула 1 бара нови начини да се поврзе со своите навивачи и да го зголеми спектаклот на тркачки викенд преку концептот на спринт квалификации. Тоа беше овозможено благодарение на континуираната соработка помеѓу ФИА, Формула 1 и сите тимови.

Формула 1 покажува дека е посилна од кога и да е, со сите засегнати страни кои работат заедно на овој начин и многу е направено за да се осигури дека аспектите на Спортските, Техничките и Финансиските формати се фер.

Форматот на квалификации за спринт во целост:

Петок

  • 60-минутвна прва тренинг сесија наутро со два комплети гуми за тимовите по слободен избор
  • Нормален формат за квалификации попладне со пет комплети меки гуми

Сабота

  • 60 минути втора тренинг сесија наутро со еден комплет гуми за тимовите
  • 100 км спринт квалификации попладне со два сета гуми за тимовите

Недела

  • Гранд При на целосна должина со два преостанати комплети гуми

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ