Тимот на Батон во Extreme E во партнерство со Лотус

JBXE Racing го објави Lotus Engineering како најновиот додаток на тимот на партнери.

Светски познатиот британски инженерски консултант, дел од Група Лотус, се приклучува како технички партнер, поддржувајќи го тимот на Џенсон Батон во Еxtreme Е во истата радикална нова електрична теренска тркачка серија.

Многу почитуван по својата посветеност на врвните технологии и моторни трки, Лотус инженеринг е меѓународно признат за воведување иновации во автомобилската индустрија и пошироко. JBXE Racing со нетрпение очекува да работи заедно со Lotus Engineering за да промовира електрификација и да ја потенцира важноста на одржливите решенија за да се помогне во заштитата и зачувувањето на планетата.

Основачот на тимот JBXE Racing и светски шампион во Формула 1 во 2009 година, Џенсон Батон и повеќекратната победничка на трката во Скандинавски туринг-автомобили, Микаела Ахлин-Котулински, се подготвуваат да се натпреваруваат во воведната трка на Еxtreme Е шампионатот за 2021 година подоцна оваа недела со Desert X Prix кое се одржува од 03 – 04 април во Алула, Саудиска Арабија.

Џенсон Батон изјави:

Лотус е одличен британски бренд кој е неразделно поврзан со моторспортот, затоа со задоволство го поздравуваме Лотус инженеринг и нивното партнерство со JBXE. Еxtreme Е е единствена и возбудлива серија, полна со светски шампиони и предизвици, и тоа што бренд како што е Lotus Engineering доаѓа на ова патување со нас е горд момент за мене и за тимот. Ние сме многу возбудени за нашето ново техничко партнерство и едвај чекаме да покажеме што можеме да направиме на првата трка овој викенд.

Трката ќе биде пренесувана во живо на каналите на Арена Спорт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ