Тимо Глок: Грид без германски возачи е проблем

Поранешниот Формула 1 возач, германецот Тимо Глок, смета дека е проблем за германските фанови на спортот доколку земјата нема свој возач на гридот следната тркачка сезона.

Себастијан Фетел и Ферари нема да продолжат заедно следната година, така што иднината на четирикратниот првак “виси“ во моментов и се чека на негова одлука дали ќе прифати некаква понуда во Формула 1 или ќе престане да се трка во врвната моторспорт тркачка серија на крајот од сезонава. Доколку Себ замине од Формула 1 тоа ќе значи прв пат по 1991 година Германија нема да има возачи на гридот. Само како податок, од 1991 година, Михаел Шумахер, Нико Розберг и Себастијан Фетел имаат 12 титули помеѓу себе.

Глок, кој своевремено се тркаше за Тојота, Џордан и Марусија од 2004 година до 2012 година не бил изненаден од одлуката на Себастијан да ја напушти Скудерија.

јасно е дека секоја објава на таква одлука е еден вид на шок, но минатите неколку недели имаше некои најави дека нема да се продолжи соработката поради неможност за постигнување на договор од двете страни – вели глок.

Реалноста е таква што постои голема можност втората најтрофејна нација во спортот да нема свој претставник на гридо во 2021 година.

би било голем проблем за формула 1 фановите од германија доколку нема германец на гридот. ситуацијата не е лесна затоа што себастијан во моментов има само неколку слободни опции доколку размислува да продолжи.

ако нема германци во спортот тоа ќе има големо влијание и врз телевизиската гледаноста затоа што нема повеќе да има наша ѕвезда која ќе ја следиме.

Сепак, шпекулации постојат и дека пред можно враќање во Рено е Нико Хулкенберг, а со тоа место се поврзуваат и Себастијан Фетел како и Фернандо Алонсо. Дали следниот германец во Формула 1 ќе биде Мик Шумахер, останува да видиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ