Тимо Глок зачуден од тишината на Мерцедес околу договорите

Тимо Глок е зачуден дали нешто се крие во Мерцедес околу договорите на нивните возачи, како на пример можно заминување од Дајмлер на некој од двајцата.

Минатата недела Ферари доведоа до бунило на пазарот откако Себастијан Фетел си заминува од тимот на крајот на сезоната. Набргу потоа, тие го најавија Карлос Саинз како негова замена, додека Даниел Рикардо премина во Мекларен.

Сред сето тоа, Мерцедес не изјавија ништо околу својот возачки тандем, а Тото Волф посочи дека тој не разбира зошто тим би работел со возач цела сезона, знаејќи дека ќе замине.

Прашањето е зошто им е потребно толку време на Мерцедес да ги продолжат договорите на своите возачи. Прилично брзо се случуваше колку што паметам. Стане многу тивко околу преговорите.

Моментално е како да имаме кристална топка во нашите раце. Можеби ќе објават дека ги продолжиле договорите. Има премногу неодговорени прашања. Мерцедес сакаат да почекаат и да видат како ќе се развива ситуацијата – смета Глок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ