Тимските шефови сметаат дека спринт во Баку е преголем ризик

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, е против идејата за куса спринт трка во Баку кој е закажана како дел од Азербејџанското Гранд При годинава затоа што смета дека ризикот за потенцијална штета е едноставно преголем.

Баку ќе биде приот спринт од вкупно 6 колку што ќе се возат сезонава и ќе се вози во време кога сите работат на залихи од делови за сезоната, а во полн ек се и подобрувањат и новините. Фактот што трката е само една недела по уште една улична, онаа во Мајами, става уште поголем притисок да се комплетираат двата настани со минимална штета што може да го уништи буџетот и сезоната.

реалноста е дека е ризично и лудо да се одработи првиот спринт во сезоната на улична патека како азербејџан. мислам дека од гледна точка на спектакл, веројатно ќе биде еден од највозбудливите спринтови за фановите, но од гледна точка на буџетот, може многу лесно да го искршите болидот што ќе ве чини премногу пари. една трка е доволна за баку, две се преголем ризик и верувам дека не требаше така.

но, тоа е дел од предизвикот и дел од задачата која ја имаме пред себе. се надевам дека ќе имаме чист тркачки викенд и ќе продожлиме натаму во динамичкиот календар.

знам дека спортските шефови работат напорно, но јас сметам дека не ни требаше спринт во баку и тоа ме загрижува – посочи хорнер.

И другите тимски шефовите се загрижени за спринтот поради штетата што може да ја нанесе на буџетот.

како што кристијан рече, баку носи многу возбудливи трки, но донел и некои големи штети на болидите. сепак, исто е за сите, што е тука е и ќе биде многу возбудливо за фановите, а јас се надевам дека никој нема да претрпи штета. нервоза постои, тоа е сигурно, но исто е за сите и ќе се обидеме да не направиме никаква штета – дополни зек браун, главниот извршен директор на мекларен.

Ортмар Шафнауер од Алпин смета дека малата пауза која ќе ја имаат во Април ќе им дозволи на екипите да произведат доволно залиха делови за она што следува.

баку секогаш носи возбудливи и неизвесни трки поради карактеристиките на патеката и ѕидовите кои се многу блиску. убаво е што ќе имаме долга пауза за да можеме да произведеме доволно делови за да сме подготвени за двете трки во баку, а патем, се надеваме дека нема да имаем проблеми во мајами.

Гунтер Стаинер потврди дека неговиот Хаас ќе биде добро подготвен за Азербејџан.

мислам дека знаеме доволно што може да донесат спринтовите и како да се подготвиме за нив. сите ќе остават по малку резерва знаејќи дека оштетување може многу да влијае на буџетот. баку секогаш носи нешто неочекувано и се надевам дека нема да бидем едел од тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ