Тод: Жалбите за зголемениот календар се погрешни

Претседателот на ФИА, Жан Тод, вели дека луѓето кои работат во Формула 1 не треба да се жалат околу зголемениот календар во иднина и наместо тоа да прифатат колку се среќни што се инволвирани во спортот.

Во 2020 година, Формула 1 ќе има рекордни 22 трки, откако се додадоа Виетнам и Холандија, а само беше отстранет Хокенхајм, додека правилата дозволуваат дополнително проширување до 25 трки. Тоа доведе до грижа околу премногу патување на сите трки, а тимовите бараат начини за ротација на вработените.

Извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери, призна дека одлуката ќе биде заморна за вработените и ќе доведе до потенцијални проблеми, поради што тркачките викенди ќе бидат скратени од 2021 година. Сепак, Тод ги негира таквите грижи.

Мислам дека ќе биде долг процес пред да стигнеме до 25 трки. Има премногу внимание и шпекулации околу 25 трки, додека моментално треба да се фокусираме на 22 трки.

Што значи тоа, за тоа имам поинакво мислење. Навистина сметам дека сме благословени што работиме во овој спорт, кој го сакаме. Имаме страст. Имаме привилегија. Секој кој е дел од Формула 1 е привилигиран.

Секако, имаме задолженија. Кога бев во други позиции, како во Ферари, работев 18 часа на ден, седум дена неделно, бидејќи имав страст, сакав резултати. Потоа, семејството, ако имате семејство кое ве сака, ќе ве разберат. Нема да го работите тоа цел живот – се присетува французинот.

Тод вели дека неговите посети во земјите во развој му ги отворило очите.

Верувајте ми, правам многу во другите активности во мојот живот, каде среќавам луѓе и ако имаат среќа, заработуваат 30 долари месечно. Не треба да го заборавиме тоа. Треба да бидеме чесни и да го имаме тоа на ум. Имаме 8 милијарди луѓе во светот, а имате 800 милиони кои гладуваат, немаат за јадење, пиење, за вакцинација.

Ние тука разговараме за Формула 1, но мора да имаме отворен поглед и да не забораваме што се случува со другите луѓе, другите заедници.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ