Тод: Мерцедес заслужи повеќе сезонава

Претседателот на ФИА, Жан Тод, жали за тоа што Луис Хамилтон и Тото Волф решиле да не присуствуваат на гала вечерта по повод доделување на титулите по крајот на овогодинешната сезона.

Хамилтон беше незадоволен од начинот на кој ФИА преку Мајкл Маси раководеше со трката, поточно рестартот во последниот круг на истата, по што реши да ја бојкотира нивната гала церемонија и да не присуства на истата годинава. Отсуството на Хамилтон како вицешампион е прекршување на спортскиот правилник за Формула 1, така што веројатно дека ФИА ќе му изрече некаква казна.

И покрај тоа што последниот круг во Абу Даби е тема за која се зборува наголемо во падокот, Тод не сака да се гледа негативно на тоа и да се уништи сезоната. Французинот сака да се слави успехот на новиот Формула 1 шампион.

мислам дека вечерва треба да славиме и да не влегуваме во никаква контроверзија поради неприсуството на хамилтон, нема поента за тоа, нема ништо да добиеме. на некој начин ми е жал затоа што мерцедес требаше да си го добие своето признание како осумкратни шампиони во спортот.

но, ова младо момче, макс верстапен, заврши неверојатна работа, на тоа треба сите да се фокусираме, наместо да се обидуваме да го казниме хамилтон затоа што не дојде на цереномијата на која мораше да дојде – изјави првиот човек на фиа на церемонијата за доделување на наградите.

Французинот откри дека сакал да прослави уште една одлична сезона за Хамилтон, особено во цитуација во која сметал дека неговиот Мерцедес имал подобар болид.

тие се неверојатна комбинација од најдобар болид и возач кој никогаш не греши. но, овој пат макс едноставно победи 10 пати што е неверојатно.

Жан призна дека Верстапен имал среќа со безбедносното возило на рестартот во Абу Даби, сепак во текот на сезоната е свесен дека Макс често губел не по негова вина.

мислам дека секој си го доби тоа што си го заслужува. макс имаше одлична сезона, а човечки е фокусот да биде на последниот круг, иако макс овој пат имаше среќа.

треба да се гледа цела сезона, макс немаше среќа на силверстон, немаше среќа во баку ниту во будимпешта.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ