Тод нема ништо против Ф1 и ФЕ да делат викенд

Претседателот на ФИА, французинот Жан Тод, размислува исто како и шефот на Мерцедес, Тото Волф, дека Формула 1 и Формула Е може во иднина да се возат на иста патека во текот на исти тркачки викенд.

Електричната серија од страна на многумина се смета за тркачка серија на иднината затоа што болидите се целосно електрични и пријатни по животната средина. Формула Е има ексклузивитет во тркањето во електрични отворени едноседи следните 19 години.

Мерцедес, како шампионски тим во Формула 1 има и своја Формула Е екипа која работи независно од тркачкиот тим. Електричната серија се вози на градски патеки низ светот, но Тод, исто како и Волф, вели дека тркачките серии може паралелно да се случуваат.

не сум воопшто против таква идеја. можеме да имаме викенд со двете тркаки серии на улична патека, тоа може да биде одлично, но генерално Формула 1 треба да остане футуристичка и насочена кон иднината – изјави тод за италијанска Gazzetta dello Sport.

Французинот не смета дека моторспортот ќе стане целосно електричен во блиска иднина.

не, нема да биде така. промената ќе биде кон неемитување на штетни гасови на трките и низ градовите како и промоција на безбедноста.

Во врска со позицијата на двете тркачки серии, Тото Волф изјави:

на крајот на краиштата, двете компании припаѓаат на ис човек, џон мелоун, претседагелот на либерти медиа и како такви двете платформи се обидуват да се промовираат на колку што може подобар начин.

ако еден ден синергиите станат возможни, би возеле заедно на тркаки викенд на едноставна улична патека. тоа би било одлично, но треба одобрение од челниците, а тоа во моторспортот не е лесно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ