Тод не е разочаран што рекордите на Ферари “ќе паднат“

Во свое последно интервју за RacingNews365, Претседателот на ФИА, Жан Тод, го кажа своето мислење за фактот што Луис Хамилтон и Мерцедес ги престигнуваат рекордите кои ги направи тој со Михаел Шумахер и со Ферари.

Французинот беше шеф на Скудерија на почетокот на 2000те години, период во кој заедно со Михаел Шумахер доминираа во спортот, а германецот освои пет последователни шампионски титули, вкупно седум во кариерата. Рекордите на Црвениот барон се одтогаш подобрувани од страна на Луис Хамилтон, а доколку освои наслов сезонава, бритаанецот ќе го надмине Шуми по бројот на освоени наслови.

Тод не е вознемирен што Хамилтон и Мерцедес ги надминуваат Шумахер и Ферари на листите со рекорди.

одлично е за нив. во моментов сеуште имаме двајца возачи со по седум освоени титули, така што рекордот потенцијално може да биде подобрен – смета жан.

Можеби дел од рекордите кои како шеф на Ферари ги постави ќе бидат соборени, но Тод е задоволен од својата работа во сите останати тркачки серии и задоволен од својата кариера.

кога зборувам со гордотст, јасно кажувам дека некој има повеќе победи од мене во формула 1. но, тие немаат победи во трки со спортски автомобили, немаат победи во рели и крос кантри. во моментов, тоа е мојата предност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ