Тод не е фан на спринт трките

Претседателот на ФИА, Жан Тод, откри дека не е фан на спринт трките кои ќе се одржат на три тркачки викенди годинава.

На Силверстон и во Монца, трка од 17 кругови во Сабота попладне ќе го одредат стартниот поредок за трката, наместо традиционалните квалификации кои ќе се одржат во Петок како увертира за саботната трка.

Тод смета дека на Формула 1 не и требаат спринт трките, но сака да види како ќе функционира новиот формат затоа што смета дека тркачката серија нема што да загуби со експериментирање.

пред се тоа не се вика трка, а јас имав дел од одговорнота тој систем да не се вика трка. за мене трка е во недела и тоа е тоа. ако ме прашате мене, јас не сакам спринт во сабота затоа што не сметам дека на формула 1 и треба тоа. но, од друга страна, ако луѓето сакаат да пробаат нешто ново, нема да му штети на никој, нема да се загуби ништо од главната трка, само на друг начин е се одреди стартниот поредок.

љубопитен сум да видам како ќе се покаже новиот формат, но сигурен сум дека неделната трка нема да загуби ништо. луѓето повеќе ќе се интересираат за сабота, но тоа не е воопшто ризик и нема да донесе никаква штета – смета тод.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ