Тод не се враќа во Ферари, Бриаторе пред кам-бек во Алпин

Поранешниот Претседател на ФИА и прв човек на Скудерија Ферари, Жан Тод, нема да се врати во Маранело како консултант. 

Ова е пишувањето на Кориере дела Сера по шпекулациите дека поранешниот шеф  ќе се врати во тимот по завршувањето на неговиот мандат во Федерацијата. 

Претседателот на Ферари не е убеден во улогата на консултант на поранешниот претседател на ФИА – така пишува Џорџо Теруци, новинарот на Кориере.

Уште една гласина циркулира низ италијанските медиуми, а тоа е враќањето на Флавио Бриаторе во Алпин. 

Враќањето на Бриаторе е тешко, но таквите работи се остваруваат во Формула 1. Тоа се случило многу пати.

Алан Прост имаше симболична позиција и мислам дека на Алпин не му треба советник. Доколку тој се врати тогаш тоа нема да биде како менаџер туку како консултант – пишува шпанска Марка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ