Тод: Ф1 треба да оди во земји со слаби човекови права

Жан Тод верува дека Формула 1 треба да оди во земји каде не се почитуваат човековите права за истите да почнат да се почитуваат и во исто време спортот треба да биде надвор од политиката. 

Додавањето на Саудиска Арабија на календарот предизвика серија прашања кај борците за човекови права, а помеѓу контроверзните трки се и оние во Бахреин, Кина и Русија. 

Тод верува дека улогата за безбеден сообраќај од Обединетите Нации му дава можност да се среќава со експерти за човекови права кои се согласиле Формула 1 да посетува такви земји. 

Доста ми е драго да го слушнам ова. Пет години работам во Обединетите Нации со генералниот секретар за безбедност во сообраќајот. Во тимот го имаме и Мајкл Елисон кој е висок комесар за човекови права заедно со Мишел Бачелет и Филипо Гранди кој е висок комесар за бегалци.

Вчера ме посети Стефано и зборувавме за тоа. Сите сакаат трки низ светот, Таков е спорот. ЗБоруваме и со Интернационалниот Олимписки комитет со Томас Бах И тој го има истиот проблем. Мора спортор да биде надвор од политиката – дециден е францускиот шеф на фиа.

Тод смета дека ФИА треба да зборува со организациите за човекови права во земјите кои ги посетува спорот. 

Треба да се ангажираат и невладините организации Како Хјуман Рајтс Воч и слични. Мора да работиме на тоа. Има многу отворени прашања. 

Тод потвди дека ФИА ќе има вето на некои предложени трки од Формула 1 и американците од Либерти Медиа. 

КОј го предложува календарот? ТОј што ги има правата. Би било нефер да кажеме дека се сами тие, бидејќи и ние сме вклучени. На крајот на денот, мора да се согласиме и заедно да го донесеме календарот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ