Топ листа: Осум рекорди на Шумахер кои Хамилтон може да ги сруши

По победата на Јапонското Гранд При, Луис Хамилтон се наоѓа на чекор до својата 5та шампионска титула што ќе го стави осамен на 2то место на вечната листа на освојувачи на титули, единствено зад Михаел Шумахер кој има освоено 7. Британецот веќе го мина рекордот по освоени пол позиции на Црвениот Барон и бројот на патеки на кои победил, време е да се размисли за рекордите на Шуми кои Луис може да ги сруши до крајот на својата кариера.

Хамилтон се наоѓа во најдобра форма во својата кариера и не покажува значи дека може да забави, но дали може да продолжи да руши рекорди псотавени од Шумахер во присуство на млад и гладен талент во Макс Верстапен и Шарл Леклер кој секоја година се се посилни.

Во продолжените листа од осум рекорди на Михаел Шумахер кои Луис Хамилтон може да ги сруши:

  1. Титули: Шумахер 7 – Хамилтон 5
  2. Победи: Шумахер 91 – Хамилтон 71
  3. Победи на исто Гранд При: Шумахер 8 (Франција) – Хамилтон 6 (Канада, Унгарија, Америка)
  4. Победи во последователни сезони: Шумахер 15 – Хамилтон 12
  5. Број на трки во кои бил во водство: Шумахер 142 – Хамилтон 126
  6. Хет-трик на Гранд При (пол, победа, најбрз круг): Шумахер 11 – Хамилтон 14
  7. Подиуми: Шумахр 155 – Хамилтон 131
  8. Интервал помеѓу прва и последна победа: Шумахер 14 години и 1 месец – Хамилтон 11 години и 3 месеци

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ