Топ листа: 10 мртвородени дизајни

10. Asiatech F1 Prototype

Asiatech F1 Prototype

Откако во 2000 година влегоа во Формула 1 како снабдувачи на мотори, по 2 години поминати во спортот, во 2002 годинa, Азијатек ја купи поранешната компанија за дизајн на Вилијамс во Дидкот и го вработи Енрике Скалаброни да дизајнира болид кој би се натпреварувал во 2004 година. Компанијата финансиски пропадна, а и проектот заедно со неа.

9. Ferrari 312T6

Ferrari 312T6

Сакајќи да го копираат болидот со 6 тркала на Тајерл, модел П34, Ферари произведе болид со иновативен дизајн на двојни задни тркала со нормална големина, поставени на иста оска. Болидот се покажа преширок за тогашните правила, а во истовреме трпеше и многу дефекти, што го натера Ферари да го напушти проектот. Ројтерман и Лауда беа пилоти на Скудерија во тоа време.

8. Lotus 112

Lotus 112

За 1995 година Лотус го планираше моделот 112, базиран на Мјуген ЗА56 со радикална суспензија и ултра шпицест дизајн на носот. Финансиите придонесоа тимот да се распадне на крајот на 1994 година оставајќи го веќе произведениот модел за воздушен тунел, заедно со произведените делови да пропаднат.

7. Reynard Yamaha

Reynard Yamaha

Познатиот конструктор Рејнард Моторспорт се спремаше да влезе во Формула 1 во 1992 година, користејќи мотор на Јамаха, а модел во размер 50% од оригиналниот веќе беше подготвен за тест. Откако стана јасно дека моторот на Јамаха е инфериорен и неефикасен во комбинација со борбата за наоѓање на спонзори, челниците на проектот едноставно се откажаа.

6. Epsilon Euskadi

Epsilon Euskadi

Многу екипи беа заинтересирани за влез во спортот во 2010 година, нешто што подоцна им беше овозможено на Вирџин и Хиспанија. Шпанците Епсилон Еускади дури и произведоа болид во размер 50% од оригиналниот. Финансиите предизвикаа крај и на овој проект и покрај тоа што истиот беше финансиран од страна на државата.

5. Lola MB-01

Lola MB-01

И Лола беа заинтересирани за влез во Формула 1 таа 2010 година и исто како и Епсило Еускади, имаа свој развиен модел. Одбивањето од страна на ФИА го остави проектот “да скапува“.

4. USF1

USF1

Американскиот УСФ1 исто така целеше на влез во Формула 1 во 2010 година, но американците стигнаа дури и до краш тестови на деловите од болидот, а дури го потпишаа и Хозе Марија Лопез за свој возач. Тонењето почна со сомневањето дека екипата е подготвена да се трка, по што спонзорите се повлекуваа, а фабриката се затвори, што беше и дефинитивен крај.

3. Prost AP05

Prost AP05

И покрај финансиските проблеми, Прост продолжија да го развиваат болидот за 2002 година во текот на 2001 година, при што тимот стигна до фаза на тест во воздушен тунел. Се тврдеше дека реалните делови дури и биле произведени и хомологирани во ФИА, но никогаш не го видоа светлото на денот поради банкротот на екипата на крајот од 2001 година.

2. Manor MNR1

Manor MNR1

Марусија беше решена да се трка, модел на болидот за 2015 година беше произведен под името Манор МНР1. Колапсот на Марусија Карс во комбинација со растечките долгови, го донесоа тимот до работ. Англиск инвеститори овозможија екипата да се трка, но болидот за 2015 година сеуште го нема.

1. Honda RA109

Honda RA109

И покрај тоа што официјано се повлекоа од спортот на крајот на 2008 година, инженерите на Хонда продолжија да работат на болидот за 2009 година во фабриките во Јапонија и Брекли. Проектот вклучуваше револуционерна технологија. Хонда РА109 подоцна еволуираше во Браун Мерцедес БГП001 и освои титула. Податоците од тестовите покажаа дека во пракса РА109 требаше да биде побрз од таа сезона доминантниот БГП001, но прашањето на издржливоста со такви радикални дизајни останува отворено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ