Топ 6 возачи според Џенсон Батон

Џенсон Батон го вклучи и Макс Верстапен во својата листа од топ 6 возачи против кои се тркал во Формула 1, велејќи дека способностите на возачот на Ред Бул се неверојатни.

Батон се натпреваруваше во Формула 1 од 2000 до 2016 година, а имаше и една трка во 2017 година како замена за Фернандо Алонсо. Во текот на тој период тој возеше против Михаел Шумахер, Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон и Себастијан Фетел. Сите четворица се дел од неговата топ 6 листа на Ф1 возачи, како и Мика Хакинен и Макс Верстапен од Ред Бул.

Запрашан околу неговата листа, Батон вели дека неговиот одговор е конечен бидејќи смета дека било многу тешко да се споредуваат различните периоди на тркање.

Ќе ги споделам моите шест возачи додека сум се тркал и тоа е единствениот начин на кој можам да пресудам. Секогаш е тешко да споредам некој како Фанџо со некој како Луис Хамилтон. Декади има помеѓу нив, можеби е и поинаков спорт.

Луис е дел од листата. Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо. Бев тимски колега со двајцата. Неверојатен талент од повеќе гледни точки. Себастијан Фетел, четири титули е огромно постигнување. Моментално има проблеми со толку конкурентен тимски колега, но сигурен сум дека ќе биде подобар возач во иднина поради тоа.

Макс Верстапен исто така. Не се тркав против него повеќе години, но гледајќи ги неговите перформанси во тешки услови како Бразил во 2016 година е поинаква приказна. Тоа беше неверојатно, тоа што го правеше со болиодт.

Во првиот свиок изгледаше дека нема контрола во секој круг. Секој друг возач ќе имаше судар повеќе пати, но тој го задржа болидот. Другите двајца се во текот на моите почетоци, така што Мика и Михаел морам да ги вклучам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ