Торо Росо сакаат да ја заборават Монца

Торо Росо се надеваат дека ќе можат да ја заборават трката во Италија пред следната трка во првенството во Формула 1.

Тимот ја пропушти шансата да освои поени на домашната трка, Пјер Гасли заврши надвор од топ 10, додека Даниил Квјат се откажа во 20от круг по проблеми со моторот.

Имав солидна трка се додека не се откажав. Нашите перформанси се покажаа добри, но понекогаш се случуваат технички проблеми.

Моравме да се откажеме, што беше разочарувачки бидејќи бевме сигурни дека ќе освоиме поени, но сега мора да надоместиме во Сингапур – изјави Квјат.

Техничкиот директор на Хонда, Танабе, ги осуди несаканите резултати.

Квјат мораше да се откаже покрај патеката. Моментално, заедно со инженерите на Торо Росо, истражуваме која е причината. Сеуште собираме податоци од сите четири болиди со новиот агрегат, што ќе биде корисно за Сингапур.

Собраните податоци изгледаат добро, но во однос на конкурентноста е тешко да се каже. Сакам да ги видам податоците по Сингапур и тогаш ќе имаме појасна слика.

Квјат има добри резултати во Сингапур, со пласман на шесто и деветто место во претходни трки.

Тоа е уникатна патека, со долги правци, нерамнини, многу свиоци. Бара многу од повеќе причини, многу е долга, температурата е висока.

Сите дискутираат како работиме преку ноќ. Искрено, тоа е лесно. Ја следиме програмата, легнуваме во кревет во 4 или 5 наутро, што е невообичаено, но тоа што навистина е чудно е што не ја чувствуваме промената во временските зони по летањето.

Се навикнавме на тоа. Имавме добра форма во последните неколку трки и ќе го пробаме истото во Сингапур, иако е поинаква од Спа и Монца.

Уличните трки се добри за нас, а годинава бевме конкурентни во Монако, ќе се обидеме да ги притиснеме другите и да се бориме за поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ