Тост: Гасли не е далеку од Верстапен и Леклер

Шефот на АлфаТаури, Франц Тост, верува дека Пјер Гасли е идната ѕвезда на Формула 1 покрај Макс Верстапен и Шарл Леклер. 

Неговото напредување во Ред Бул беше прерано и мораше да го вратат во Торо Росо иако сега се зборува дека тој е една од најсветлите ѕвезди на спортот. Французинот дојде до првиот подиум со втората позиција минатата година во Бразил, а сега веќе има и победа зад себе на Монца. 

Тост смета дека тој е ѕвезда и не е далеку во однос на перформанси од Верстапен и Леклер за кои се зборува дека се идни шампиони. 

Тој има потенцијал да биде шампион. Очекувам тој да се развие во идна голема ѕвезда – смета франц.

Поранешниот возач и шампион, Џенсон Батон, изјави дека Гасли ја заслужил победата иако на трката имаше неколку рестарти и безбедносни возила.  Ред Бул инсистираат дека Гасли нема да добие втора шанса во тимот за што и Батон потврдува по разговор со Хорнер. 

Пјер можеби имаше малку среќа, но тоа му е потребно бидејќи не е во најдобриот болид. Го заслужи тоа иако имаше доста притисок од Саинз на крајот.

Помина многу во неговата кратка кариера во Формула 1. Беше во Ред Бул и сите мислевме дека се ќе биде добро, Но го вратија во Торо РОсо. Сега е во АлфаТаури каде се покажа како доста добар, Но нема назад во Ред Бул и можеби не го сака тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ