Тост: Немаме алтернатива за Гасли и Тсунода

Шефот на АлфаТаури, Франц Тост, изјави дека планира да ги задржи своите возачи и наредната сезона. 

Оваа сезона Пјер Гасли остана во тимот откако лани беше вратен од Ред Бул, додека Даниил Квјат беше заменет од дебитантот Јуки Тсунода. 

Се надевам дека ќе ги задржиме Пјер и Јуки наредната година. не гледам други возачи – релен е автриецот тост.

Доколку се одлучи за промена на возачите, во тимот може да дојдат младите возачи на Ред Бул.

Не гледаме алтернативи. Пјер е извонреден, а Јуки е млад кој вози одлично. Потребно му е искуство и да научи многу. Такви се сите млади возачи. 

Доколку АлфаТаури реши да замени возач, тој сигурно ќе биде Тсунода. Гасли е одличен оваа година, додека јапонецот се мачи да му конкурира и прави многу грешки. Тост не е загрижен, но сигурен е дека ќе се поправи наредната сезона кога ќе ги научи патеките. 

Тој ги знае патеките, Но не треба да го заборавиме Јуки кој не ги знае патеките од вториот дел на сезоната. Сигурен сум дека нема да има повеќе излетувања, Но ќе видиме. Тој е млад возач и грешки се очекувани. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ