Тост не е целосно против спринтот

Шефот на АлфаТаури, искусниот австриец Франц Тост, гледа само една лоша работа во спринт квалификациите, а тоа се уназадувањата на младите возачи. 

Спринт квалификациите дебитираа оваа година со 100 километарска трка како замена за вообичаените саботни квалификации. Резултат на тоа е преместување на традиционалните квалификации во Петок за да се определи гридот за спринт квалификациите од кои се одредува гридот за трката. 

Персоналот во падокот не се согласува целосно со спринт квалификациите иако многумина гледаат позитивно на ова. Со само две тренинг сесии наместо три во текот на викендот пред спринтот, Тост смета дека помалку искусните возачи ќе го извлечат подебелиот крај. 

Мислам дека на Монца и на Силверстон се покажа дека новиот формат успешно функционира. Мислам дека фановите гледаат нешто добро во текот на трите дена.

Секако е потребно да се поработи на престасувањето, но мора да бидеме претпазливи наредната година со новите правила кои ќе се променат целосно.

Мислам дека новиот формат е позитивен и очекуваме повеќе трки да се додадат на календарот. Единствена негативна работа е што младите возачи ќе имаат само една тренинг сесија пред да одат на квалификаиците. Тоа не е лесно – смета тост.

Има уште една спринт трка оваа сезона и тоа во Бразил за која Тост смета дека е доста важна за да се донесе одлука за иднината. 

Мора да почекаме и да видиме, во Сао Паоло ќе биде трет викенд со ваков формат и мора да ги прашаме фановите што сакаат пред да одлучиме за 2022 година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ