Тост посочи што очекува од де Врис

Ник де Врис освои поени на своето Формула 1 деби во Монва лани кога го менуваше Александер Албон во болидот на Вилијамс и со перформансите си заработи возачко место за сезонава во АлфаТаури.

Малата екипа од Фаенца имаше тешка година и се мачеше со балансот на болидот, потскокнувањето и слични недостатоци, но очекуваат годинешниот АТ04 да биде далеку посилен од претходниот затоа што најавиле дека направиле темелна еволуција.

Холанѓанецот доаѓа во Ф1 како првак од електричната Формуала Е пред две години, така што очекувањата од него се големи.

ник треба само да биде концентриран и да заврши максимално добра работа во болидот. се надевам дека ќе му дадеме силен болид како што заслужува за да испорача како на квалифиакции така и на трка кога се делат поените – откри шефот на тимот, франц тост.

Австриецот посочи дека претходното искуство на возачот е полн погодок за тимот со оглед на сличнит етехнологии кои се користат низ тркачките серии.

тој е возач кој носи многу искуство со себем искуство кое не е само од возење туку и технички елементи. ако имате малди возачи во болидот денеска, формула 1 машинеријата е прекомплексна за веднаш да ја совладааат.

поради тоа е важно да имате некој со искуство, некој кој има трки во различни категории и шампионати. поради тоа, тој е полн погодок за нашата екипа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ