Тост предупреди дека сеуште не сме виделе се од Макс

Франц Тост го предупреди остатокот од Формула 1 гридот дека неговиот поранешен возач, Макс Верстапен, ќе станува само подобар во иднина, споредувајќи го со Михаел Шумахер.

Холанѓанецот како 17-годишник влезе во Формула 1 преку Торо Росо на Австралиското Гранд При во 2015 година додека на чело на тимот беше токму Тост, а следната година дебитираше за сениорскиот Ред Бул во Шпанија каде и победи. Прв пат нападна сериозно за титула во 2021 година и ја освои буквално во последниот круг од последната трка, а со 80 поени предност колку што има во моментов, на добар пат е да “врзе“ и втор наслов.

Тост смета дека актуелниот првак ќе станува само подобар затоа што не го искористил својот целосен потенцијал.

трпевме критики кога дојде во торо росо на 17 години затоа што беше тркач во најсилната тркака серија кој нема ниту возачка дозвола. првите тренинг сесии во сузука ги одработе неколку денови по својот 17ти роденден, а патеката беше една од најтешките во календрот, но тој фантастично се снајде.

никогаш немал проблем со огромните брзини на формула 1 болидите и секогаш имал се под контрола од самиот почеток на трката. на првите трки беше преагресивен и тоа му носеше судари како оној во монако во 2015 година со роман гросжан, но денеска вози на невероајтно високо ниво, а сеуште не сме го виделе максимумот.

шарл леклер е единствен кој може да се носи со макс затоа што времето на луис хамилтон веќе помина – смета тост.

Иако Франц никогаш нема работено со Михаел Шумахер во Формула 1, тој се обиде да потпише договор со младиот германец додека сеуште се тркаше низ јуниорските категории и смета дека има доста сличности со Верстапен.

прв пат го запознав макс додека беше со татко му на нирбургринг и во тоа време возеше картинг. следниот пат кога се видовме беше во формула 3 во 2014 година и победи на сите три трки тој викенд во норисринг по што дојде до три победи и на следната трка на спа.

на дожд беше неприкосновен и изгледаше како единствено тој знае каде е сувата линија на патеката. веднаш ме потсети на михаел шумахер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ