Тост сигурен дека Ред Бул нема да се откаже од Гасли лесно

Франц Тост, тимскиот шеф на АлфаТаури не е изненаден што екипите од падокот покажуваат интерес за услугите на Пјер Гасли, но е сигурен дека Ред Бул нема лесно да се откаже од услугите на францускиот победник на Италијанското Гранд При лани.

Гасли дебитираше во Формула 1 преку Торо Росо во 2017 година, а во 2019 сезона веќе се тркаше за врвниот Ред Бул, но на средина од годината по 12 комплетирани трки беше вратен назад во Фаенца откако драстично заостануваше во однос на колегата. Откако се врати во АлфаТаури тој дојде до два подиуми, вклучително и победа на славното Италијанско Гранд Пти.

Пјер беше клучен фактор што тимот ја имаше најдобрата година во својата историја поради тоа што освои 3/4 од поените на тимот. Но, неговите перформанси и резултати не беа доволни за шефовите на Ред Бул да го вратат во Милтон Кинс како замен за Александер Албон.

Себастијан Фетел од 2010 до 2013 година доминираше со Ред Бул и освои четири титули пред да мине во Маранело кај Ферари и да победува за нив, иако не стигна до главната цел, титула. Карлос Саинз по Академијата на Ред Бул и Торо Росо возеше за Рено и имаше многу добри две сезони во Мекларен пред да потпише за Ферари од оваа година.

доколку возач е конкурентен и силен како што е пјер, нормално е што екипите ќ се распрашуваат за него и ќе сакаат детали како на пример кога му завршуваат договорните обврски. но, тој има договор со ред бул и се сомневам дека тие лесно ќе го пуштат особено во овој стадиум од кариерата.

тие инвестираа многу пари во него и порано или подоцна сакаат да имаат нешто за возврат во вид на резултати и победи – појасни тост.

Претсојнава сезона колега на Гасли ќе му биде Формула 1 дебитантот, јапонецот Јуки Тсунода, штитеник на Хонда и дел од програмата на Ред Бул кој одлично се покажа во јуниорската Формула 2 лани.

Тост смета дека перформансите и лидерството на Гасли може да донесат екипата да се сконцентрира на него во иднина и да создаде болид кој ќе му одговара на неговиот возачки стаил.

веќе стана искусен возач, но и успешен. секоја екипа сака да има таков возач кај себе. тоа значи дека тимот го слуша техничкиот фидбек од него и секако дека сака да дизајнира болид за повеќе да му одговара и да има посилни резултати.

дизајнерите и инженерите земаат во предвид се што добар возач кажува и сааат што повеќе од тоа да имплементираат. доколку болидот одговара на стилот на возачот, тој ќе биде побрз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ