Тост: Тимовите ќе заштедат многу пари

Тимскиот шеф на Алфа Таури, Франц Тост, вели дека пандемијата со Корона вирусот всушност ќе им зачштеди многу пари на тимовите, со оглед дека новите правила се сега веќе одложени.

Новата спортска и техничка регулатива која требаше да биде воведени во Формула 1 од 2021 година, сега е одложена до 2022 година. Причината е што сегашната сезона не е сеуште започната сред глобалната пандемија на КОВИД-19, а најрано се очекува да започне во средината на Јуни.

Постоеја многу дискусии околу тоа како недостатокот на приходи ќе влијае над тимовите, особено за помалите тимови, но Тост вели дека тимовите всушност заштедуваат многу пари бидејќи сега не треба да ја балансираат програмата за 2020 година, а во исто време да се подготвуваат за следниот болид со новите правила.

Постојат две страни на приказната. Добрата страна околу Корона вирусот е што не мора да имаме двоен развој оваа година. Не можеме да го развиваме болидот за 2022 година се до почетокот на 2021 година. Тоа значи дека развојот во 2021 година ќе се случи сред новото правило за ограничување на буџетот.

Тоа е многу важен факт бидејќи ќе зачува многу пари. Двојниот развој пропратен со високи трошоци нема да биде потребен.

Тост посочува кон фактот што првично болидите за 2021 година требаше да бидат дизајнирани оваа година, пред да биде воведено ограничувањето од 175 милиони долари по сезона за 2021 година, што значи дека тимовите ќе требаше да потрошат големи суми во 2020. Дискутирајќи за договорот околу новите правила, Тост го сподели следното:

Шасиите ќе биде хомологирани. Исто така и механичките делови, како и суспензијата. Единствено нешто што ќе биде подобрено е аеродинамиката. Тоа значи предното крило, задно крило, страничните отвори, подот, дифузерот и друго.

ФИА ќе го контролира воздушниот тунел и ќе има видео снимки и фотографии од воздушните тунели на тимовите. Тоа значи дека не може да користите болид за 2022 година во воздушен тунел бидејќи изгледа целосно поинаку. Веднаш ќе забележите.

Ниту еден тим не смее да си дозволи да ги прекрши правилата. Ниту еден тим нема да се обиде бидејќи премногу луѓе се инволвирани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ