Тост: Тсунода мора подобро годинава

Тимскиот шеф на АлфаТаури, австриецот Франц Тост, побара од својот возач, Јуки Тсунода, да биде посилен оваа тркачка сезона и да донесе повеќе поени за екипата.

Јапонецот влегува во својата 3та година со тимот од Фаенца по разочарувачката ланска сезона кога само 4 пати беше во поени и со вкупно 12 освоени се најде на 17то место во поредокот.

лани јуки се мачеше со болидот, а годинава очекувам да имаме доста посилен болид, така што цел за него треба да биде последниот квалификациски сегмент како и пласман во поени. тој е многу способен и талентиран возач и веќе има две години искуство зад себе во формула 1 така шт о очекуваме да освојува далеку повеќе поени претсојната сезона – побара шефот тост.

Јуки повеќе се мачеше ланската сезона одошто својата дебитантска година претходно, но и покрај тоа смета дека се подобрил како возач и ќе извади повеќе од потенцијалот на болидот.

на сосема различно ниво сум во моментов и се сеќавам на се што учев изминатиот период, но дефинитивно имам многу повеќе контрола, многу повеќе работам со тимот на развојот на болидот.

поинаку се однесувам откако научив многу работи, не само додека се тркам, туку и на мојот живот надвор од патеката. иако сето тоа има позиривен ефект на моето тркање, не потценувам ништо и знам дека секој аспект е важен.

моја главна цел е константно да сум силен на секоја трка, независно од перформансите на болидот и да освојувам поени константно. сакам се да контролирам многу повеќе, да работам подобро со тимот и да разбирам како да возам што побезо уште од првата трка во бахреин. сакам годинава да биде најдобра за мене од сите три минати во спортот. последниот дел од квалификациите како и поени на трката се приоритет.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ