Тост убеден дека Гасли ќе остане во АлфаТаури

Франц Тост е убеден дека Пјер Гасли сепак ќе биде во болидот на Алфа Таури следната година.

Французинот Гасли е разочаран што беше отфрлен како опција од Ред Бул Рејсинг за следните две години, а неговиот договор со компанијата за производство на енергетски пијалоци истекува на крајот на следната година. Пјер не ја исклучува можноста да премине во тим кој не е на Ред Бул.

Така, на прашањето дали Гасли и понатаму ќе биде возач на АлфаТаури следната година, тимскиот шеф Тост изјави:

Да, во блиска иднина. Тој има валиден договор и претпоставувам дека Пјер следната година ќе вози за Скудерија АлфаТаури – најави австриецот.

Тост призна дека Гасли е разочаран од веста за новиот договор на Серхио Перез со Ред Бул, но инсистура дека секогаш постојат можности.

Секогаш има можности. Квалитетите што ги покажа Пјер ме натераа да верувам дека има златна иднина за него во Формула 1.

Наше е сега да му обезбедиме навистина добар болид, а потоа тој нема да има никаква причина да менува тим во одреден момент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ