Тост: Ф1 треба да се откаже од греачите на гумите

Шефот на АлфаТаури, Франц Тост, ја повика Формула 1 да се откаже од користење на греачите на гумите бидејќи се прекомплицирани. 

Греачите се користат во текот на викендот кога болидите се во гаражата за да се подготват пневматиците заизлезот на патеката. Иако се забранети со новите правила за следната година, сепак Формула 1 се откажа од таа одлука. 

Пред три или четири години се зборуваше за менување на правилата. Сега веќе се донесе одлука за нови греачи кои ќе чинат 375,000 фунти.

Најпрво, тоа се многу пари за греачи и Второ тие се многу комплицирани. Тие мора да ги загреат гумите и бандажите на вистински начин. Секој тим има четири инженери кои работат на овој процес. Потребно е многу енергија за да се заврши овој процес – откри австриецот.

Екипите се трудат да возат со понизок притисок во текот на викендот за да имаат повеќе грип. Тост верува дека проблемот е до ФИА која треба да инсталира сензор и греачите да не му прават проблем на мерењето. 

Би било лесно за ФИА без греачите да го контролираат притисокот. Доколку нема греачи, ФИА ќе може да го провери притисокот. Пирели само не информира што треба да направиме за овие гуми да функционираат.

Порано Формула 1 немаше греачи. Порано се беше можно, но од наредната година имаме целосно нови гуми. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ