Тост: Шпанија е многу важна за Де Врис

Сериозен притисок се прави врз младиот возач на АлфаТаури, холанѓанецот Ник де Врис. 

Пред трката во Монако, тој беше предупреден дека мора да се подобри и да донесе резултати, но сепак повторно беше послаб од својот колега Јуки Тсунода. 

Се чини дека сум поблиску до топ 10, Но мислам дека ништо не погрешив. Научив дека не можам ништо на сила и мора да сум внимателен – свесен е де врис.

Шефот на АлфаТаури сепак има друго мислење. 

Важно е да има добра трка во Барселона. Тоа е првата патека која му е позната и Се надевам дека ќе му обезбедиме добар болид. 

Руди ван Бурен, кој е возач во симулатор на Ред Бул, се согласува дека Барселона е критична трка за младиот холанѓанец. 

Знаеме дека има работа и мора да се подобри. На крајот мора да има перформанси. Франц не сака да зборува многу, Хелмут нема јасни одговори, а ниту Ник. На крајот се е за перформанси. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ