Тост ќе се пензионира до 2026

Тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тост, призна дека крајот на неговата Формула 1 кариера е се поблиску.

Од почетокот на сезоната актуелна беше темата дека компанијата за производство на енергетски пијалоци, Ред Бул, не е задоволна од перформансите и работењето на сестринскиот АлфаТаури и размислува да го продаде, или барем да го пресели поблиску до Милтон Кинс.

79-годишниот тимски шеф на малата екипа од Фаенца, Франц Тост, посочи дека во иднина многу помалку ќе се насочат кон својот сопствен развој, а повеќе ќе се потпираат на делови од Ред бул.

мораме да анализираме што треба да промениме. алфатаури треба да го користи ред бул како репер, тоа е дозволени и ќе ни донесе напредок. целиот заден дел, суспензија и менувач, добиваме од ред бул, тоа е согласно правилата – откри тост.

во врска со моето останување во тимот, немам некој краен рок, но 100% сум сигурен дека на 70 години нема повеќе да бидам во формула 1, а сега имам 78, во тоа сум сигурен.

ќе се вратам во австрија пред да наполнам 70 години и конечно повторно ќе се посветам на скијањето. не сум скијал три години поради тоа што немам време. најдобро за скијање е во февруари и во март кога јас имам најмногу работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ