Тото верува во изборот на Доменикали за спринт

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, има верба дека шефот на спортот, Стефано Доменикали, ќе ги избере вистинските патеки за спринт трки во иднина откако одржаниот спринт на последниот настан на Ред Бул Ринг не беше нешто посебно сјаен.

Кусите спринт трки за одредување на стартниот поредок на главниот настан донесоа поделени мислења во падокот, а од Формула 1 не престануваат да потенцираат дека фановите се воодушевено. Спортот цели да го зголеми бројот на спринт настани за следната сезона, но таквиот план треба прво да добие одобрување од ФИА.

Недостатокот на некоја особена забава во Сабота на Ред Бул Ринг минатиот викенд, куса трка на која топ 4 поредокот остана како на стартот, донесе нова дебата во врска со тоа дали автодромот на Спилберг е вистински за таков спринт во иднина.

Сепак, Волф посочи дека има целосна верба оти Доменикали ќе направи правилен избор за лоакции на спринт трки следната година.

ако во некого има верба да одбере вистински трки за спринт, тоа секако дека е стефано, а како што секогаш прави, сигурен дека во предвид ќе го земе и она што се случуваше на ред бул ринг – вели волф.

И покрај тоа што се смета дека спринтовите ќе донесат подобар спектакл, Волф посочи дека најголем рпоблем за уште подобро тркање се разликите во перформанси помеѓу екипите.

мислам дека приината поради која некои трки не се толку забавни е фактот што има преголема разлика во перфрманси помеѓу екипите. ако верстапен исчезнува напред, а борба на две ферарија е единствена забава во текот на трката, ние сме некаде ни со нив ни со средината, тоа не е многу интересно. оние позади нас заглавуваат во дрс воз, а тоа никогаш не може ад биде добро – свесен е шефот на конструкторските прваци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ