Тото задоволен од позицијата на Макс: Ќе стартува од нечистиот дел

Тото Волф смета дека Мерцедес ќе има клучна предност во однос на Ред Бул на утрешната трка во фактот што Макс Верстапен ќе тргне од нечистата страна на главниот правец.

Луис Хамилтон работел цела вечер по проблемите со стомакот во Четврток и Петок и стигна до пол позиција пред Макс Верстапен и колегата Валтери Ботас кој ќе тргне зад него. Со оглед на позицијата на холанѓанецот, тој ќе тргне од делот од патеката по кој болидите не возат и поради тоа важи за нечист, а згора на тоа викендов нема други трки во Катар да ја исчистат патеката.

со прво и трето место на гридот, пласманот е нешто на што се надевавме и посакувавме затоа што тргнуваме од чистиот дел со оглед на тоа што нема други трки викендов. треба да бидеме во добра позиција, но никогаш не можеме да бидеме сигурни дека макс нема да има одличен старт и да не претекне. ќе биде многу тешко – посочи тото.

Австрискиот шеф се надева на добра форма на трка и напредок во двата поредоци за титулата.

добро одработивме викендов до сега. валтери беше позадоволен од болидот вчера, но не беше во посакуваната позиција денеска. луис беше спротивно, не беше многу задоволен вчера, но на квалификациите беше одличен.

ред бул беа брзи на правците денеска и најдоа перформанси од тоа нивно големо задно крило. треба само да одработиме добро утре и да освоиме добри поени, а кој да знае како ќе биде до абу даби.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ