Тото наводно рекол дека Заубер не треба да го продаваат тимот

Според реномираниот Формула 1 новинар, Мајкл Шмид, Тото Волф наводно прокоментирал дека сега не е добро време за Заубер, сопствениците на Алфа Ромео Формула 1 тимот, да ја продаваат екипата.

Италијанскиот бренд е главен спонзор на Формула 1 операциите на Заубер со ирока финансиска и техничка поддршка, но компанијата Заубер е во најголем дел сопственост на Лонгбоу фајнанс, швајцарска инвестициска компанија составена од шведски милијарери, меѓу кои и сопственикот на компанијата која го измисли Тетрапак пакувањето.

Според различни медиуми, Лонгбоу сериозно размислуваат да го продадат тимот на поранешниот американски Формула 1 возач, Мајкл Андрети, кој би инвестирал во 80% удел во компанијата сопственик на екипата.

Шмид пренесува дека за Лонгбоу би било голема греша доколку во моментов ја продадат екипата затоа што смета дека треба да се почека 1-2 години, особено следната која со новите правила може целосно да го измести гридот и да додаде огромна вредност на нивната инвестицијѝ.

постои понуда, а прашање во моментов е колку сопствениците на заубер се задоволни со истата. тешко е да се кажи дали итно им требаат пари затоа што се огромни фанови на тркањето.

тото волф ми кажа дека кој и да размислува за продажба на формула 1 екипа во моментов мора да е луд. екипата ќе вреди многу повеќе за една или за две години затоа што форула 1 цвета и е во огромен подем. сезонава алфа ромео ќе заработи и повеќе одошто во 2019 година од формула 1, така што помал ќе биде доприносот на акционерите, а се повеќе земји се заинтересирани за спортот и организација на трка.

промена на правилаа ќе даде многу поголема можност на помалите екипи, а буџетот е ограничен, така што не се знае кој може да победи. сепак, интересот ќе биде далеку поголем, а логично е и на тој начин да се зголеми вредноста на екипи. тото волф дефинитивно советува да не се продава сега – напиша шмид за Auto Motor und Sport.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ