Тото на шега: Макс намерно стартува од 15то место

Тото Волф се присети на одличните трки од позадина на Луис Хамилтон во минатото за да посочи дека Макс Верстапен може да победи со стает од 15то место во Џеда.

Поради проблем со преносот, актуелниот првак не извозе круг во средниот квалификациски сегмент и тркта ќе ја почне од 15то место, а доби нов менувач во пресрет на стартот.

можеби намено го направи тоа. знаете, можеби стефано доменикали го притиснал некако – се пошегува шефот на мерцедес.

Верстапен покажа дека може да победи и ако стартува полошо од 10то место, а првата трка од сезоанта пред две недели ја победи со повеќе од 30 секунди предност. На првите три тренинга во Саудиска Арабија беше најбрз, но проблемот се појави кога најмалку се очекуваше.

Тото откри дека не би бил изненаден доколку Макс поведи со старт од своето 15то место на гридот посочувајчи оти има секунда по круг предност во однос на било кој од гридот.

мислам дека има толку голема предност во ритамот така што е секунда по круг побрз од било кој друг, така што за 50 кругови ќе направи 50 секунди предност. мислам дека тоа може да го направи, така правел луис хамилтон во минатото.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ