Тото: Не е забавно без Ники

Тото Волф за прв пат по 2012 година пропушти Формула 1 трка откако одбра да не присуствува во падокот во Бразил, концентрирајќи се на важна работа во Европа. Тоа беше доволно за медиумите да почнат со шпекулации дека тој ќе го наследи Чејс Кери, а потоа и дека “во пакет“ со Луис Хамилтон ќе мине во Ферари.

мора да се потсетите дека кога јас и ники во 2013 година влеговме во оваа авантура, не дојдовме само како вработени и шефови туку како акционери во екипата. поради тоа, прашање за мене не е дали ќе се вработам на друго место, туку дали ќе останам во формула 1.

во моментов уживам во тркачката серија што е најважно за мене, но секако е помалку забавно одошто кога ники бепше во тимот. сепак, работата продолжува да ме мотивира и се додека верувам дека можам да придонесам, ќе продолжам да работам – изјави тото за австриска ORF.

Ферари, преку својот Претседател Луис Камилиери веќе најавија дека ќе го искористат своето право на вето доколку Либерти се решат Кери да го заменат со сегашниот шеф на Мерцедес.

уживам во штоперицата и во предизвикот да се биде исложен на брутална искреност и вистина секој тркачки викенд. формула 1 е навистина сложеб низнис со спонзори, договори за трка и телевизиски преноси.во моментов вистински се забавувам менаџирајќи го тимот.

Во врска со посветеноста и вклученоста на “сребрените“ во тркачката серија, Волф најави дека тие ќе останат.

како претприемач секогаш размислувате на долг рок и дали формула 1 потизивно ќе се развива, така што би одговорил дека остануваме.

дали имаме заедничка цел со даимплер? секако дек да. даимплер и мерцедес произведуваат патнички и тркачки автомобили, тоа е нивниот главен бизнис и поради тоа сакаме да продолжиме заедно.

За крај на своето интервју, австриецот демантираше дека Формул Е може еден ден да ја замени Формула 1 како врвна моторспорт тркачка серија.

формула 1 има огромна историја од околу 70 години и две милијарди гледачи, а формула е има само мал дел од тоа.

на формула е гледам како на возбудлив “стартап“ бизнис на која мора сериозно да се гледа. формула е веќе е сериозна, но никогаш нема да биде голема како формула 1. за мене тоа е повеќе забава одошто спорт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ