Тото не смета дека Мерцедес ја направиле Ф1 неинтересна

Тото Волф не смета дека Формула 1 станала неинтересна и неатрактивна поради доминацијата на Мерцедес и напраотив, смета дека серијата се движи во одлична насока. “Сребрените стрели“ победија на 15 од последните 21 трка минатата година на патот кон 6та последователна двојна титула, серија која датира од 2014 година.

Доминацијата на една екипа донесе критику во однос на атрактивноста на толку предвидлива тркачка серија, но и прашање дали некој производител би се приклучил кон толку извесна серија.

Тото Волф потенцира дека има многу интересни “приказни“ во спортот како на пример тројната борба при врвот лани.

мерцедес освои шест двојни титули, но дали е тоа приина да не се следи спортот? поентата е дека постои варијабилност и непредвидливост. пред викендот не можевте да знаете дали ферари ќе биде на пол позиција или макс верстапен ќе победи.

битката помеѓу генерациите е привле.на, себ против шарл, верстапен против луис, тоа привлекува публика. за мене најдобра вест е порастот на гледаноста и бројот на фановите кон помладата генерација и поради тоа сметам дека сме на добар пат.

За минатата година Формула 1 објави публика од 1,9 милијарди, највисоко од 2012 година и импресивен раст на следењето преку социјалните канали и медиуми. Волф смета дека спортот го следи глобалниот тренд и ја зголемува гледаноста и покрај тоа што се врти кон платената телевизија.

бесплатната односно линеарна телевизина е нешто што полека се губи и тоа не е за формула 1. тркачката серија е еден од неколкут спортови кој ја зголемува гледаноста, а во исто време и се врти кон платена телевизија во некои земји.

лани имавме речиси 2 милијарди гледачи од кои 419 милиони беа поединечни решиси 90 милиони по викенд или посечно по 20 милиони во живо по гранд при трка. ние сме најбрзо растечи спорт преку социјалните медиуми дури и споредено со американските лиги. либерти е на добра насока и прави добра работа со отварање на социјалните медиуми, нешто што порано не беше случај.

постигнавме огромни бројки споредено со било кој друг спорт така што светската љубов кон спортот дефинитивно постои.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ