Тото очекува многу од Америка

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, откри дека Мерцедес се расположени и очекуваат многу од претсојното Американско Гранд При.

Валтери Ботас доминираше на последното Гранд При возено во Турција и стигна до 200та победа за мотор на Мерцедес во Формула 1.

беше охрабрувачки да се види позитивниот моментум на последната трка во турција. не сме победиле на две последователни трки веќе подолго време, поради што расположението во фабриката е на високо ниво откако се вративме од истанбул.

Победата од истанбул парк беше 200та победа за мотор од бриксворт откако почна нивната серија од 1997 година што е неверојатно достигнување и сведоштво за страста и напорната работа на сите во фабриката за мотори.

валтери доминираше на тешките услови во истанбул, стигна до својата прва победа сезонава, безгрешно возење од него и контролираше се од самиот почеток. трката беше одличен поттик за сите во тимот во пресрет на последниот дел од сезоната и тоа ни овозможи да го зголемиме нашето водство во конструкторскиот поредок – објасни волф.

Хамилтон доби казна и тргна од 11то место на гридот поради промена на моторот, а тимскиот шеф смета дека губитокот на шампионот од Турција бил сличен со оној на Верстапен од Русија.

во врска со луис, тој во турција загуби еден поен повеќе одошто макс во русија поради промена на моторот, тоа не е многу. вистина е дека додека адреналинот е висок за време на трка, секогаш сакате подобар пласман и повеќе поени, такви се тркачите, во спротивно тркањето нема да биде интересно.

сезонава имаше многу подеми и падови и поради тоа сме подготвени да реагираме на било што во тексас. возбудени сме што се враќаме во остин прв пат по 2019 година на трка која е секогаш популарна и нетрпеливи сме на страсните американски фанови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ