Тото очекува уште судари помеѓу Макс и Луис

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, очекува Макс Верстапен и Луис Хамилтон повторно да доаѓаат до блиски контакти како што своевремено тоа го правеле Аиртон Сена и Алан Прост како што ќе одминува сезоната и борбата за титуал ќе се разжестува.

Кандидатите за титула ќе ја продолжат борбата во Мексико викендов како прва од последните пет трки од сезонава. За разлика од Сена и Прост кои беа заколнати непријатели, Верстапен и Хамилтон имаат фер и коректен однос надвор од патеката и се полни со почит еден кон друг. Но, на патекат не е така откако сезонава имаа два судари, едниот на Силверстон, вториот во Монца.

ако дојдеме во ситуација да се одлучува за титулата во абу даби и едниот од нив да е напред, сигурно ќе се обиде да го стор истото што се случуваше во годините на жестоките дуели на сена и прост.

во монца верстапен го елиминираше луис затоа што тој ќе го претекнеше и ќе беше побрз, така што направи логичен потег. ако се тркате за титула и гледате дека го губите дуелот затоа што конкурентот ве претекнува, то да направите.

видовме во времето на шумахер и вилнев што се прави, а видовме и во времето на сена и прост и тоа два пати – потсети волф.

Австриецот посочи дека како шеф на екипа тој никогаш не би поддржал такво сценарио на еден возач намерно да удри во друг без разлика колкав е влогот и за што е борбата.

никогаш не би дал такви инструкции за намерен судар, но знам дека ако возачи се најдат во борба за титула на последна трка од сезоната, ќе се тркаат жестоко и нема да бираат средства. мислам дека во таква ситуција никој нема да може да го контролира нити хамилтон, нити верстапен затоа што со своите машини ти се несопирливи гладијатори.

тоа го прави спортот толку иетнресен затоа што во нашата природа е да не бираме средства за да стигнеме до некоја цел. ако се судрат навистина не знам како ќе заврши се. ние нема д се мешаме, тие се доволно зрели сами да ја решат борбата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ