Тото повторно купи акции во Вилијамс

Шефот и акционер во Мерцедес, Тото Волф, повторно е актуелен на пазарот на капитал откако купи 5% од акциите на Вилијамс, удел во екипата каде имаше акции пред да се вдоми во “сребрената“ екипа.

Освен тоа што во моментов има акции од Мерцедес и Вилијамс, тој годинава купи и акции во автомобилскиот произвоител Астон Мартин откако компанијата беше превземена од неговиот пријател, Лоренс Строл.

Волф овој свој потег го карактеризира како безбедна инвестиција во екипата каде и порано имаше акции и беше Извршен директор некое време.

убаво е да се види дека главниот човек во мерцедес, тото волф, купи 5% акции во вилијамс. прв пат по долго време таа екипа оди во правилна насока.

тој вели дека тоа е негова безбедна инвестиција и не ги купува претходно продадените акции со “buy-back”. договор – напиша пит виндсор, формула 1 новинар.

Претходно Волф поседуваше 30% од акциите на Вилијамс, но со преселбата во Мерцедес ги продаде и тоа 20% на американскиот бизнисмен Бред Холинџер во 2014 година, а останатите 10% ги продаде две годин подоцна.

Дали инвестицијата на Тото е знак за уште поголеми инвестиции од страна на компании во тимот кој се мачи да преживее.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ